Чипот Му Таг ќе ве спречи да губите предмети

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Малиот чип под името Му Таг ќе овозможи на корисниците секогаш да знаат каде се наоѓаат нивните предмети.

Чипот Му Таг може да се залепи на речиси секаква површина, а неговата задача е да спречи да заборавате предмети, од автомобилот до најмали предмети. Неговата цена изнесува 25 долари, а батеријата трае до три месеци.

Предметите на кои се наоѓа чипот може да се следат преку смартфон, а тоа значи дека повеќе нема да имате стрес поради изгубен багаж на аеродромите, заборавени места на кои сте го паркирале автомобилот и слично.

Му Таг памти каде сте ги оставиле вашите вредни предмети и ве потсетува со нотификација на смартфонот ако нешто заборавите, така што ви праќа предупредување ако премногу се оддалечите.