Конечно се појави студија која ќе се искаже позитивно и за калоричнатаи не толку здрава храна во контекст на диетите. Португалски научници открија дека оние кои сакаат да ја намалат тежината, можат да си дозволат некои искушенија, но еднаш неделно.
Во истражувањето учествувале две групи на луѓе кои требало да поминат на специјален ниско калоричен режим – 10500 калории неделно (просечниот Американец внесува 17900 калории во рок од седум дена).Едната група имала право да јаде што сака еден ден од неделата. По две недели и двете групи покажале напредок во процесот на слабеење без голема разлика во симнатите килограми, но оние кои имале право да “мамат”, биле многу мотивирани да продолжат напред, посреќни, поголеми оптимисти и подготвени да продолжат со режимот.
Научниците востановија дека во пракса, ако човек има шанса да консумира храна, која во принцип му е забранета, тој е мотивиран да продолжи со својата исхрана и да се бори за остварување на своите цели. Тоа е така, бидејќи тој е свесен дека му е дозволено да ја јаде и оваа “забранета храна” и потсвесно не се чувствува ускратен од помислата дека има нешто забрането (иако дозволата важи само еден ден во неделата).
Луѓето генерално се противат на какви било рестриктивни правила и затоа многу од нив не умеат за долго да почитуваат диета или да се придржуваат кон еден режим. Со “изневерување” сепак овој проблем е решен и човек има психичка удобност и волја да продолжи да се грижи за својата тежина.
Важно е да се напомене дека “изневерувањето” во истражувањето е јадење пица, сладолед и други искушенија во рамките на внесените калории за денот, а не неселективно.