„Чист пример за тоа што значи моќта на потсвеста“: Јакимовски покажа што цртал (ФОТО)

од Берта Китинска
376 прегледи

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, за време на вчерашната посета на градинката Орце Николов им се придружи на дечињата, кои цртаа цртежи.На фотографиите кои беа објавени на социјалните мрежи се гледа како градоначалникот има нацртано голема зграда.

Цртежот наиде на бројни иронични реакции на социјалните мрежи.Во еден од коментарите стои дека преку цртежот потсвеста на Јакимовски излегува на површина.

„Чист пример за тоа што значи моќта на потсвеста. Седнал Стефчо со дечиња во градинка, дечињата ја цртаат планетата Земја, а Стефчо црта зради, ЗГРАДИ“.

По ова, Јакимовски на својот Фејсбук профил го објави цртежот појаснувајќи дека не станува збор за зграда, туку градинка.

„Мојот цртеж од вчера.Нова детска градинка, енергетски ефикасна со обновливи извори на енергија на покривот, детски игралишта и зеленило за среќни насмевки на сите дечиња во Карпош“, напиша Јакимовски.

Јакимовски во својот предходен мандат беше критикуван за издавање стотици дозволи за изградба на згради во Карпош.

Слични содржини