Баерн минатата сезона ја заврши без трофеј. Не го освои ни Купот на Германија, додека Леверкузен убедливо им ја одзеде титулата. Сите очи се вперени во Кејн, кој се чини дека е неуспех – каде што игра, тимот не освојува пехар. Англичанецот се уште нема освоено ниту еден трофеј во кариерата.
Па, бидејќи минатата сезона со право беше прогласена за неуспешна, во Баерн беше направен список на непожелни. Чистката веќе се случи, и ќе продолжи.
Баварците до крајот на преодниот рок ќе се ослободат од услугите на неколку играчи, а утрово беа откриени последните четири имиња: Матаис де Лихт, Нусаир Мазрауи, Брајан Сарагоса и Кингсли Коман.
Ова е одлука на новиот тренер на Баерн, Винсент Компани, па да видиме каков ќе биде пазарот. Хари Кејн ги очекува вистинските соиграчи. Точно, ги имаше и претходните години, па уште еднаш славниот Англичанец никако да стигне до трофејот.
Ако и следната сезона е без трофеј, што е реално тешко да се очекува, тогаш навистина треба да се доведе во прашање присуството на Хари Кејн кај Баварците.