Читачка на усни откри како претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го предупредил својот француски колега Емануел Макрон дека не е потребен на средбата меѓу него и украинскиот лидер Володимир Зеленски пред погребот на папата Франциск.
Трамп и Зеленски имаа импровизирана средба во базиликата „Свети Петар“, нивна прва средба по можеби историската расправија во Белата куќа пред неколку недели.
Пред почетокот на состанокот, двајцата беа забележани со францускиот лидер Макрон, а зад нив веќе беа поставени три столчиња.
На снимката се гледа како Макрон го прегрнува украинскиот претседател, пред Трамп да го повлече настрана и да му се обрати.
Видеото од почетокот на средбата на претседателите Трамп и Зеленски се појави на интернет.
Професионалната читачка на усни, Никола Хиклинг, ја анализираше интеракцијата меѓу светските лидери и за „Сан“ изјави:
„Доналд им ги подава рацете на двајцата и ги носи кон себе. Му вели на Макрон „ти не си во право, треба да ми направиш услуга, не треба да бидеш тука“. Зеленски кимнува со главата во знак на согласност, а викарот кој е пред камерата ја врти главата настрана загрижен за тоа што слушнал меѓу нив.“
Хиклинг, исто така, анализираше видео снимки од средбата меѓу Зеленски и Трамп.
Според неа, украинскиот претседател рекол: „Би сакал да го направите тоа, но не вака“. Трамп одговори: „Тоа е многу интересна стратегија. Имате мој збор.“
Патем, по самата средба, Зеленски се јави и на почетокот рече дека тоа била добра средба на која разговарале „еден на еден“.
„Се надеваме на резултати во сè што опфативме. Заштита на животите на нашите луѓе. Целосен и безусловно прекин на огнот. Сигурен и траен мир што ќе спречи избувнување на уште една војна“, рече тој.
Од друга страна, Белата куќа објави дека разговорот бил „многу продуктивен“.