Член на Бон Џови е заразен со коронавирусот: Не грижете се, ова не е куга

510 прегледи

Клавијатуристот на рок бендот Бон Џови објави дека е заразен со коронавирусот.

Во објава на Инстаграм тој откри дека штотуку ги добил резултатите од тестот и дека е болен веќе една недела, но дека се лувствува подобро.

„Штотуку ги добив резултатите од тестот и позитивен сум на коронавирусот. Болен сум веќе една недела, но секој ден ми е се подобро. Ве молам не плашете се. Ова е грип, а не куга. Во карантин сум цела недела и ќе бидам уште една. Кога ќе се опоравам ќе се тестирам повторно за да се осигурам дека сум се ослободил од овој грозен вирус. Ве молам, помагајте си едни на други. Ова наскоро ќе биде готово доколку сите помогнеме така да биде“, напишал тој.

Во коментарите му се јавиле многубројни познати личности, но и негови фанови кои му даваа поддршка и му посакаа добро опоравување.

Џон Бон Џови на својот Инстаграм објави видео на кое им праќа порака на своите фанови во Чикаго откако дозна дека на прозорците ја пееле неговата песна.

Слични содржини