Член на ИК на УМС на ВМРО – ДПМНЕ поставува плакати пред МЗ (ФОТО)

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Членот на ИК на УМС на ВМРО – ДПМНЕ и претседател на УМС Аеродром, Стефан Синадиновски денеска беше снимен како поставува плакат од министерот за здравство, Венко Филипче, во кој е портретиран како озогласениот косач, симбол на смртта. „Прават ли сопартијците на Христијан Мицкоски со овој потег пародија на сметка на починатите од Ковид-19?“, можат да се прочитаат бројни коментари на социјалните мрежи во оваа насока…

Овие „акции“ доаѓаат во време кога Македонија брои рекорден број на жртви од коронавирусот, а неговата партијата секојдневно бара оставка од Филипче. Сметаат дека токму актуелната власт е виновна за ваквата состојба во здравството, а дел од јавноста коментира дека оваа е уште еден дефокус од нивната вина за не преземање одговорност за своето владеење и работа токму во здравството, коеденеска велат декае на колена.

Инаку Синадиновски е познат на јавноста откако беше дел од групата членови на партијата кои пред една година беа повикани во полиција поради постоење основи на сомнение дека оштетиле туѓи предмети.

„На 27.02.2019 во Полициската станица Аеродром повикани се лицата С.С.(23), Е.М.(25) и П.М.(23), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „оштетување туѓи предмети“. Со нив бил извршен разговор, соопшти тогаш МВР.

Синадиновски на 12.07.2018 година е избран за Претседател на УМС на ОК Аеродром, а во исто време е назначен и за член на ОК Аеродром. На 08.09.2020 година е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.