Член на избирачките одбори: Како го предадов белорускиот народ и со измама го обезбедив изборниот триумф на Лукашенко

од Nikola Popovski
182 прегледи

Членка на одборот на едно избирачко место во Минск на претседателските избори на 9 август во Белорусија изјавила дека од неа било побарано да потпише документ со конечен збир на гласови пред затворањето на избирачките места, пренесува Асошиејтед прес.

Друг член на одбор кој истакнал неправилности во пребројувањето на гласовите бил отпуштен веднаш штом се спротивставил. Член на избирачкиот одборо на гласачко место во градот Витебск потпишал документ со фалсификувани изборни резултати во корист на претседателот Александар Лукашенко, а подоцна почувствувал каење за предавството на довербата на гласачите.

Стотици илјади Белоруси, кои веруваат дека претседателските избори на кои Лукашенко победи со огромно мнозинство, се наместени, протестираат веќе три недели. Властите одговорија на протестите и штрајковите со масовни апсења и кривични пријави, а полицијата постојано употребувала сила врз демонстрантите.

Асошиејтед Прес разговарал со членовите на избирачките места кои велат дека виделе дека гласачкото ливче било лажирани или под притисок да се фалсификуваат резултатите во корист на Лукашенко.

Новата победа на Лукашенко очигледно за многумина изгледаше неверојатна. Десетици илјади луѓе излегоа на митинзите на неговиот главен противник, поранешната наставничка по англиски јазик Светлана Тихановскаја. Таа се кандидираше за претседател наместо нејзиниот сопруг Сергеј, популарен опозициски блогер, кој беше приведен пред изборите. Тихановскаја тогаш ја обедини поделената опозиција фокусирајќи се на економските прашања и игнорирањето на Лукашенко на пандемијата на коронавирус.

И покрај ова, Централниот изборен комитет на Белорусија објавил дека Лукашенко освоил 4,6 милиони гласови на изборите, или 80 проценти од сите гласови. Според Изборниот комитет, Тихановскаја освоила само 588 000 гласови или 10 проценти.

Очекуван резултат

Опозицијата очекувала такви резултати. Нема избори откако Лукашенко ја презел власта во Белорусија во 1994 година, а да не се обвини за местење. Опозицијата затоа добро се подготвила за изборите во август. Тие едуцирале независни набудувачи, ги охрабрувале членовите на одборите на избирачките места да пријавуваат неправилности и прекршувања на законот и отвориле веб-страница на која гласачите може да испраќаат фотографии од нивните гласачки ливчиња за да можат овие неофицијални резултати да се споредат со официјалните.

Активистите што ги следеле изборите во својот изборен извештај велат дека се забележани неправилности, прекршувања на законот и примери на фалсификување на резултатите во 24 проценти од вкупно 5.767 избирачки места. Во извештајот исто така се вели дека тие анализирале нешто помалку од една четвртина од сите избирачки места и откриле дека Тихановскаја добила 471 илјади гласови само во тие избирачки места.

Членот на комитет на избирачко место во Минск, Валерија Артиховскаја, изјавила дека сè уште не ги знае официјалните резултати од изборите за нејзиното гласачко место, бидејќи тие никогаш не биле објавени. Таа рекла дека од неа се барало, последниот протокол – документ кој содржи вкупен број на гласови, што секое избирачко место мора да го покаже по пребројувањето на гласовите, да го потпише пред затворањето на избирачкото место и местото за вкупниот број гласови да го остави празно. Артиховскаја одби и кога започна пребројувањето на гласовите, забележа дека другите членови на избирачкиот одбор ставаат гласачки ливчиња на кои биле заокружени другите кандидати на купот, каде што се гласовите на Лукашенко.

„Реков дека нема да го потпишам протоколот бидејќи тоа е кривично дело, измама. Побарав да пребројам дел од гласачките ливчиња, но тие не ми дозволија да го сторам тоа. Не го потпишав протоколот и го напуштив избирачкото место”, изјавила 30-годишната за АП. „Мојата совест е повредна“.

Бројни неправилности

Вадим Коржиков, исто така дел од избирачко место во Минск, за АП изјавил дека тој дури не ни стигнал да го потпише протоколот. Висок член на одборот на избирачкото место го отстранил од избирачкото место откако укажа на неправилности во пребројувањето. Дваесетгодишниот студент рекол дека неговите колеги подоцна му рекле дека Тихановскаја добила пет пати повеќе гласови од Лукашенко на тоа избирачко место. „Тоа беше едно големо нарушување на правдата. Не знам како поинаку да го наречам“, изјавил Коржиков за АП.

Андреј Гниденко, член на избирачкиот одбор во Витебск, мало гратче на североистокот на земјата, изјавил дека подлегнал на притисокот и потпишал фалсификуван протокол. Според протоколот од тоа избирачко место, што Гњиденко го покажа за АП во форма на фотографија, Лукашенко добил 488 гласа, додека за  Тихановскаја гласале 156 луѓе, иако тој тврди дека за нејзе гласале многу повеќе граѓани. Кога дошло време да се потпише протоколот, членовите на комисијата на избирачкото место биле исцрпени, а група луѓе се собрале пред избирачкото место и барале да им бидат соопштени резултатите. На Гниденко му било жал за сите и решил да стави крај на сè и го прекинал броењето. Сега му е жал за тоа.

„Сите бевме многу депресивни во следните неколку дена“, изјавил 29-годишникот за АП. „Бидејќи учествував во фалсификатот, со мојот потпис и го изневерив белорускиот народ, решив искрено да зборувам за тоа во јавноста“.

Александар Хомиќ, портпарол на активистичката група „Искрени луѓе“ што ги следеле изборите, рекол дека Тихановскаја добила многу повеќе гласови, а Лукашенко многу помалку. „Имајќи предвид како беа фалсификувани резултатите од изборите, можам да кажам дека не го знаеме вистинскиот резултат на изборите, ниту дека Централниот изборен одбор го знае тоа“, изјавил Хомиќ за АП.

Ништо од новото пребројување

Централниот изборен одбор ги отфрлил барањата од сите кандидати за пребројување на гласовите, а Лукашенко ја отфрли можноста повторно да излезе на гласање. Комитетот за АП изјави дека ги отфрла обвинувањата за изборни измами и дека добиле жалби за повеќе процедурални грешки.

Резултатите од изборите не беа признати од ниту еден од четворицата кандидати кои се појавија на гласачките ливчиња заедно со Лукашенко. САД и ЕУ ги опишаа изборите како слободни и нефер, а министрите за надворешни работи на ЕУ подготвуваат санкции за високи белоруски функционери осомничени за вмешаност во наместени избори и сузбивање на протестите.

Врховниот суд на Белорусија минатата недела одбил да ги поништи изборите, повикувајќи се на одлуката со изјава дека не може да се донесе одлука откако властите ги прогласија изборите за валидни.

Адвокатот Максим Знак рече дека Судот ниту ги разгледал 26-те папки со докази собрани од сојузниците на Тихановскаја. „Тие не истражуваа или проверија ништо, ниту повикаа сведоци. Тие само рекоа дека тоа не е можно“, изјавил тој за АП.

Активистите, сепак, не се откажуваат. Гласачите и независните набљудувачи индивидуално пријавуваат неправилности и бараат полицијата и другите тела да испитаат измама на одделни избирачки места.

„Тие продолжуваат да се борат за гласови. Одат во полиција и пријавуваат неправилности на избирачките места каде што знаат дека резултатите не одговараат на реалноста и бараат да се поведе кривична истрага“, додал Знак и заклучил:

„Знаеме дека луѓето нема да го заборават ова. Луѓето нема да заборават што се случи“.

Слични содржини