86
Сабри Азири, член на претседателството на Алијансата за Албанците и политички советник на Арбен Таравари, се спротивстави на одлуката на партијата да излезе од Владата.
Во објава на социјалните мрежи, тој повика членството да остане на патот за кој добиле мандат од граѓаните – изградба на функционална држава, борба против криминалот и посветеност на реформите. Азири истакна дека Алијансата за Албанците е поважна од сè и дека не смее да се дозволи партијата да се подели или да се предаде на други влијанија. Тој повика сите кои не се согласуваат да продолжат по друг пат, а тој и неговите поддржувачи ќе останат верни на партијата и нејзините цели.