Две членки на феминистичката панк-рок група Pussy Riot, Марија Аљохина и Луси Стајн удрија полицаец со автомобил во центарот на Москва, додека припадниците на законот се обидуваа да ги уапсат, изјави полициски извор за ТАС С.
„За време на нивното апсење поради учество во недозволениот собир за поддршка на рускиот опозиционер Алексеј Навални, жените собориле полицаец. Активистките беа приведени и задржани во полициската станица“, додаде изворот.
Адвокатот на Аљохина за ТАС С изјави дека жените биле во полицискиот оддел Арбат, и тие се соочуваат со обвиненија за учество во неовластен протест.
Против нив не е покрената истрага.
На саботниот протест во Москва поради апсењето на лидерот на опозицијата Алексеј Навални, беа повредени 42 припадници на полицијата, а имаше и повредени меѓу демонстрантите.