Членот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во неделата нападна полициски службеник пред кафуле во центарот на Скопје, не попречувало одредена полициска акција при нејзино спроведување. Ова го обелодени новиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Како што информира тој, напаѓачот влегло во акција, откако завршила акцијата на полициските службеници.
-Точко е дека сторено е насилство и напад на службено лице. Се предвидува суспензија на предметното лице и нема да оди на работа, се до носење на правосилна пресуда и покренување на кривична пријава од страна на МВР. Нека се пофалат моите претходници дека истото го сториле за еден ден и за други случаи кои се интересни за јавноста, кажа Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања.
Според него, во иднина ќе се постапува само така, како што било сега во случајот.
Од СДСМ обвинија дека „лицето Ивица Бисовски е полицаец и шеф на обезбедувањето на Мицкоски и се обидел да спречи полициска акција за дрога“.