Членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Мицкоски и свикување вонреден конгрес на партијата

од Nikola Popovski
304 прегледи

Дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ, незадоволни од политиката на раководството, формирале иницијативен одбор за свикување вонреден конгрес на партијата.

Тие денес одржаа прес-конференција пред седиштето на партијата, од која бараат оставка од Христијан Мицкоски, и свикување на вонреден конгрес за избор на нов претседател.

„За формирање на оваа власт сега, виновен е оној што можеше, требаше да понуди сериозни препознатливи политики кои ќе ги сплотат и привлечат сите граѓани. Виновен е тој што не ги искористи капацитетите на партијата и форсираше поделби. Виновен е тој што не успеа да изград и да завеземе став за сите. Кога еден тим губи, не може да биде виновна публиката или играчите, или домарот. Виновен е нивниот водач. Во овој случај за поразот на ВМРО-ДПМНЕ виновен е Мицкоски“, се вели во соопштението на иницијативниот одбор и дополнуваат дека доколку Мицкоски не поднесе оставка, тие ќе преземат чекори за закажување вонреден конгрес.

Пред партијата биле Ивица Коневски, Филип Петровски, актуелниот градоначалник на општина Илинден и други.