Членови на Левица поддржуваат радикален ислам и диво изградена џамија, Апасиев молчи

од Vladimir Zorba
411 прегледи

Кадар на Левица, Тефик Махмут, инаку кандидат за градоначалник на Шуто Оризари јавно застана во одбрана на див верски објект, џамијата во Злокуќани, за која е познато дека ја градат радикални исламски структури и тоа без никаква дозвола. Тој имал состанок во општина Карпош, која е надлежна за уривање на диво изградениот објект, и очекува дека градоначалникот Стевчо Јакимовски нема да издаде решение за уривање.

По средбата во општината Тефик Махмут објави дека Јакимовски уште нема донесено формално правна одлука за рушење на џамијата, иако тоа е задолжително и обврзувачко според закон. Радикалните структури кои ја градат не поседуваат никаков документ, а тоа деновиве го потврдија и жителите на селото, кои исплашени за својата безбедност реагирале и очекуваат општината да им излезе во пресрет и да постапи според закон, а тоа значи неодложно рушење.

Ваквиот однос на членот на Левица отвори неколку дилеми. Дали Димитар Апасиев ќе се огради јавно од партискиот колега или со молкот поддржува дејствување на радикалните струи, со кои и самата ИВЗ си има проблеми? Дали Апасиев поддржува непочитување на закони и нема да се заложи џамијата да се руши како што предвидуваат прописите?

Дополнително, зошто Јакимовски преговара со лицата кои нелегално градат? Наместо денеска да прима преставници кои се закануваат со протести ако џамијата биде рушена, тој требаше со Советот на општината да заседава, како и со надлежните сектори и да донесат одлука дека џамијата е дивоградба и подлежи на законско рушење. Но, наместо одговори за јавноста, Апасиев и Јакимовски избраа да молчат и да не се соочат со граѓаните за да им објаснат зошто дозволуваат вакво однесување на поединци.

Слични содржини