Го добивме извештајот на работната група при Министерстото за правда за проверка на АКМИС-системот и испративме мислење до истото министерство, рече првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџоски.

Според Судскиот совет дискутабилно е дали извештајот треба да има назнака строго доверливо. „Ние сме во дилема дали извештајот треба да се води по таа класификација“, рече Караџоски. Според него на извештајот кој бил испратен во советот од Министерството за правда било ставено обично ливче на кое со пенкало било напишано „строго доверливо“.
Караџоски тврди дека членови на Судскиот совет немаат безбедносни сертификати за да го прочитаат извештајот. На новинарско прашање дали е точно дека одредени членови на советот не може да добијат безбедносен сертификат, тој не можеше да даде конкретен одговор. Караџоски притоа рече дека во извештајот нема конкретни примери со предмети и извештајот може да претставува само основа за подлабинска проверка.