Членовите на згаснатиот бугарски клуб „Иван Михајлов“ ќе бараат заштита на своите права пред судот во Стразбур

од Nikola Popovski
47 прегледи

Здружението Културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола е избришано од Централниот регистар во Македонија, но духот на Иван Михајлов живее во народот, а во судот на државата се води „правна битка“ за враќање на ова име, изјавил основачот на сега веќе згаснатиот бугарскиот клуб, Љупчо Георгиевски.

Управниот суд во земјава ја одби жалбата на членовите на клубот, која во рок од неколку дена ќе биде поднесена до Врховниот управен суд во земјава, што е последна судска инстанца од националното законодавство.

Меѓу аргументите на адвокатот на македонските Бугари, Насер Рауфи, објави бугарската „БТА“ е и одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур од 2009 година. Тогаш како кршење на правото на здружување беше оценета одлуката на Скопје да го прогласи Здружението на Бугарите „Радко“ за неуставно. Во одлуката на судот во Стразбур се наведува дека името на здружението „Радко“, псевдоним на Иван Михајлов, не може да биде ризик и закана за јавниот ред.

Рауфи истакнал дека по завршување на сите судски постапки во Северна Македонија, жалбата на клубот „Иван Михајлов“ ќе биде поднесена до Судот во Стразбур.

Потпретседателката на македонското Собрание и пратеничка на ЗНАМ, Весна Бендевска, пред три дена достави известување дo Основното јавно обвинителство во Битола дека бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ иако е избришан од Централниот регистар, продолжува да функционира. Бедевска реагираше откако Антологиската драма на Војдан Чернодрински „Македонска крвава свадба“ в очи 4 ноември, денот кога се слави ослободувањето на Битола, беше претставена како бугарското културно наследство.

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ беше избришан од Централниот регистар во март лани откако тогашниот министер за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одби барањето бугарското здружение да го користи името на Михајлов, соработник на фашистите во Втората светска војна. Клубот доби рок да ја усогласи работата со измените во Законот за здруженија и фондации. Според нив, во називот не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со национална, етничка нетрпеливост, геноцид, поддршка на нацизам и фашизам. Но, клубот не го промени името.

Слични содржини