Ние сме партија која е најблиску до индивидуата. Партија од граѓаните за граѓаните, која што од своето создавање до денес ги застапува и штити правата на граѓаните и овозможува слободно изразување на индивидуата во македонското општество, велат од ЛДП.
-Стратешкиот план на ЛДП е документ кој ќе служи за поставување на основите на работење на партијата и поставување на нејзини цели во претстојниот период. Стратешкото планирање е модерен и демократски начин на проектирање на посакуваната иднина и темелно осмислување на секој чекор кој не води кон утврдената цел, а со овој стратешки план ги воспоставуваме своите цели, политики, но и се поставува Стратегија за интерна комуникација, посочуваат од партијата на Моника Зајкова, која викендов одржува стратешко планирање на партијата.
Преку стратешкиот план, ЛДП ги дефинира и временските рамки за остварување на конкретните политики и активности. Од партијата појаснуваат дека воедно претставува и план за функционалноста на општинските организации како и план за промоција на идеите и ставовите кон граѓаните, како и со запознавање на граѓаните со целите и идеологијата на партијата.
-Од особена важност за државата, но и за партијата како македонска партија со голема меѓународна либерална поддршка е и членството во Европската Унија кое ќе обезбеди подобар општествен и политички живот во Република Северна Македонија, порачуваат од ЛДП.