325
Фантастичен колач за кој не ви треба брашно.
Состојки:
– 500 гр цреши
– 150 гр омекнат путер
– 4 јајца
– 100 гр темно чоколадо
– 200 гр мелени лешници
– 100 гр шеќер
– малку презла
Подготовка:
Измијте ги, избришете ги и исчистете ги црешите.
Убаво измешајте го путерот со шеќерот.
Одделете ги белките од жолчките. Чоколадото изрендајте го.
Измешајте ги жолчките во путерот една по една.
Додадете уште чоколадо и лешници и на крај белки.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Намачкајте го калапот со путер и посипете со презла.
Истурете го тестото, распоредете ги црешите и печете 60 минути.
Оставете го колачот да остане во исклучена рерна уште 10 минути.