Чоколаден крем со сладок компир

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Десерт достоен за внимание.

Состојки:

– 300 гр сладок компир

– 20 гр какао

– 60-70 мл млеко

– 50 гр мед или јаворов сируп

– малку сол

И уште…

– 200 гр слатка павлака

– 1 ванилин шеќер

– рендано чоколадо

Подготовка:

Излупете го слаткиот компир и исечете го на поголеми парчиња, па сварете го во вода додека не омекне, околу 15 минути откако ќе зоврие. Потоа исцедете го и оставете го да отстои пет минути.

Се става во длабок сад, се додава какаото, млекото, медот и солта, па се меле со миксер за да се добие крем.

Веднаш префрлете го кремот во чинии за сервирање, оставете го да се излади, прво на собна температура, а потоа уште 30 минути во фрижидер.

Изматете ја слатката павлака и додадете го ванилиниот шеќер.

Послужете го кремот со шлаг и украсете со рендано чоколадо.

На здравје!

Слични содржини