Чолиќ ги откажа концертите во Скопје по трагедијата во Кочани

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Познатиот српски пејач, Здравко Чолиќ се огласи во врска со трагедијата во Кочани. Тој најпрвин објави „стори“ на Инстаграм на која напиша „Кочани“ и додаде емотикон со дланки.

Потоа објави дека ги откажува концертите во Скопје, кои беа закажани за 18, 19 и 21 март.

„Концертите ќе бидат одложени. Наскоро ќе бидат објавени нови датуми“, напиша Чолиќ.

Слични содржини