Чоло против Кинезите: Ги побудалуваат фудбалерите!

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се прогласи за единствен преоден рок за сите фудбалски првенства во светот. Аргентинецот побесне откако пред неколку дена неговиот тим остана без Јаник Фереира-Караско и Нико Гаитан, кои беа продадени во Кина.

„Во Кина можат да купуваат играчи до 28 февруари, што значи дека имаат два месеци, во кои ќе ја поматат главата на секој фудбалер. Ќе беше многу подобро ако трансфер прозорец беше ист за сите. Тоа значи дека фудбалерите, тренерите и клубовите ќе бидат далеку помирни. Дали разбирам зошто се повеќе играчи од Европа одат кон Кина? Не си го буткам носот во личните преференци на луѓето. Ако станува збор за спортски развој, јас сум задоволен. Ако се работи за по добри економски услови, тоа е личен избор, и ништо не изненадува во фудбалот. Сите избори се можни“, прокоментира Симеоне.

Слични содржини