Чомовски: Мицкоски е разочаран, но вчера сите беа губитници

од Nikola Popovski
635 прегледи

Никој не профитира вчера. Сите се губитници, смета новинарот Александар Чомовски во гостувањето на емисијата „Топ тема“, коментирајќи ги вчерашните случувања во и надвор Собранието.

Според него, и порано сме имале вакви контроверзии со исчезнување на пратеници.

-Пред 10,11 години имавме 4-5 пратеници од Владата на Љубчо Георгиевски, кои ги снема одеднаш затоа што му постоеше опасност да ја изгуби владината коалиција. Нема нешто што не сме имале. Ако анализираме ќе видиме два апсурди: Едниот дека Заев невообичаено и брзо се врати во игра, без оглед на оставката, а второ Мицкоски со големи амбции влезе во намерата за да ја бутне Владата, смета Чомовски.

Генерално ова што се случи, Чомовски вели, покажува дека ниту еден политичар ја нема храброста да се додржи на личните одлуки.

-Заев емоционално го врати мандатот. Мицкоски беше разочаран, што покажува изјавата дека ова не е држава и дека би се повлекол од политиката, додава новинарот.