Чорапи во кревет за повеќе оргазми

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Носењето на чорапи во креветот влијае позитивно и на општото здравје, така и на сексуалното. Тоа открија го холандски научници, цитирани “Метро”.

1468261819-seks-s-mlad
Затоплувањето на нозете ги тера крвните садови да се шират, што од своја страна му сигнализира на мозокот дека е време за спиење. Постои врска помеѓу раширувањето на крвните садови на екстремитетите, познато како вазодилатација, и тоа колку брзо ќе заспиеш.

Откако ќе го потпомогнеме тој процес побрзо ќе влеземе во светот на соништата, што е здраво, објаснуваат научниците. Чорапите помагаат и за подобрувањето на сексуалниот живот.

Според студија на Универзитетот во Гронинген луѓето кои не ги соблекувам чорапите кога си легнуваат, во 80 проценти од случаите стигнуваат до оргазам. А само 50 проценти стигнуваат до крајното задоволство кога се целосно боси. Научниците предупредуваат дека, сепак, треба да се внимава со чорапите, да не се претерува со носењето , бидејќи можат да предизвикаат габични инфекции, забележуваат агенциите.

Слични содржини