Човечки останки од македонски државјанин пронајдени во подрум во Брисел, 23 години по неговото исчезнување

Како што пишуваат белгиските медиуми, работници кои реновирале куќа во Брисел пронашле коски од скелет во подрумот

од Nikola Popovski
32 прегледи Фото: BELGA HANDOUT

Човечки останки пронајдени во куќа во бриселската општина Ворст, лани во јули, се на маж од Македонија кој се сметал за исчезнат повеќе од 20 години. Реџеп Рахмановски исчезнал во летото 2023 година, а тамошната полиција сега упати апел со надеж дека ќе дознае повеќе за Рахмановски и неговото исчезнување, јавуваат белгиските медиуми.

Како што пишува белгиски „VRT“, на 16 јули 2025 година, работници кои реновирале куќа во Ворст пронашле човечки скелет во подрумот. Станува збор за Рахмановски, човек роден во 1976 година во Македонија.

Според пишувањата, вечерта на 16 јули 2003 година, тој го напуштил ресторанот на улицата Касмаркт во Брисел каде што работел и никогаш повеќе не бил виден. Посмртните останки биле пронајдени околу 5 км од местото каде што последен пат бил виден.

Белгиската полиција апелира секој што има информации да ја контактира надлежната служба на електронската адреса [email protected] или на бесплатниот телефонски број 0800 30 300.

Слични содржини