Јетон Шаќири од струшкиот огранок на ДУИ е партискиот предлот за нов министер за информатичко општество и администрација, објави весникот Коха.
Веста за весникот КОХА ја потврдиле и од ДУИ. Оттаму велат дека Шаќири ќе биде нивниот министер во Владата и ќе управува со Министерството за информатичко општество и администрација.
Шаќири кој е од Струга моментално е пратеник во новиот собраниски состав. Тој е професор на Меѓународниот универзитет во Струга и беше директор на Водовод и канализација од Струга, некогашна Проаква.

Шаќири важи за човек од доверба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а сега ја добил поддршката во партијата да биде и иден министер
Претходно, ДУИ даде и други кандидати за вицепремиерските и министерските места.