Човек сте!? Ајде уште еднаш проверете дали сте човек…

од desk3
92 прегледи

Дваесетминутно видео е детални и целосното сведоштво од набљудувањата на начинот на кој животните жалат за свој починат близок. Кај починат од респираторна болест шимпанзо доаѓаат неговите пријатели и долго седат во тишина, понекогаш допирајќи го со прстите. До неодамна се сметаше дека желбата да ги жалат починатите е една од особеностите на човекот и дека тоа го одликува нашиот вид од другите животни. Потоа било докажано дека некои животни исто разбираат што е смртта и доживуваат особени емоции кај мртвото тело на својот близок.Извесно е дека таквото однесување е карактеристично за слоновите и гавраните. Но за особеностите на начинот на кој животните гледаат смртта на својот род, до денес е познато многу малку.

 

Постојат многу описи на мајки шимпанзата, кои тешко се разделуваат со телото на загинатите мали, но речиси и да нема извори на информации за тоа како реагираат на смртта на другите членови на групата, а кај шимпанзата уште додека единката е живљ се утврдува сложен систем на социјални врски, не само роднински.

Неодамна истражувачите на шимпанзата во резерватот Шимфунши во Замбија успеале да го снимат однесувањето на мајмуните по смртта на член на нивното општество.

Шимпанзо Томас девет години живеело во група од 43 мајмуни. Во својот живот Томас имал многу врски во групата – станал сирак на пет години, тој силно се спријателил со возрасен самец со име Пан, кој му станал посвоител.

Пан се враќа во телото на Томас неколку пати и по потреба го брани од напади. Другите членови на групата исто го посетуваат телото на Томас. Тие долго седат наоколу и не посегнуваат кон јадењето, кое им го нудат вработените на резерватот.

1464427496-clipboard03
“Тие никогаш не се однесуваат така во други ситуации”, коментира приматологот д-р Ван Леувен пред ВВС.

22 мајмуни го посетиле телото на починатиот другар. Девет од нив малку се допреле до телото на Томас, а едно шимпанзо потоа го допре со своите усни.

Во даден момент на видеото се појавува една од главните женки на групата, со име Вајолет. Таа се приближува до телото на Томас и го удира. “Ваквото однесување е објасниво – таа можеше да го стори тоа, кога тој беше жив. Можно е да е проверуваат дали тој е способен да реагира – коментира д-р Леувен. – А однесувањето на посвоителот на Томас – Пан – посложено може да се објасни – честите посети на телото, начинот на кој набркува друг самец, обидувајќи се да го премести телото – а Пан не е алфа-самецот во оваа група – сето тоа е невообичаено и неверојатно. ”

Друга мајмун, женската Ноел, му ги чисти забите на загинатиот – однесување кое исклучително ретко се забележува кај шимпанзата. Таа го направи тоа со храната што нејзе и го понудиле вработените на резервот.

Целосниот текст на истражувањето е објавен во весникот American Journal of Primatology.