Човекот кој го измами Бафет осуден на 30 години затвор

од Vladimir Zorba

Ко-сопственикот на соларна компанија од Калифорнија е осуден на 30 години затвор за „Понзи шема“ вредна 1 милијарда долари, која успеала да привлече големи инвеститори како Ворен Бафет, пишува „Блумберг“.

DC Solar на Џеф Карпоф произведува мобилни соларни генератори за спортски настани и музички фестивали. Таа тврди дека произвела 17.000 генератори, но вистината е таа само дел од тој број всушност бил произведен и се користи, според американските обвинители.

Компанијата на Бафет, Berkshire Hathaway, инвестираше 340 милиони долари во DC Solar. Други измамени инвеститори се Progressive Corp., East West Bancorp Inc., Valley National Bancorp и Sherwin-Williams Co.

Со парите од новите инвеститори плаќале на старите, стои во обвинението.

Владата поврати околу 120 милиони долари, кои ќе им ги врати на инвеститорите.

Карпоф (50) се изјасни за виновен, а вмешана е и неговата сопруга, која ќе ја слушне нејзината казна следната недела.

Слични содржини