Човештвото веќе ги потрошило ресурсите за целата година

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Од 8 август човештвото официјално ги потрошило сите природни ресурси кои земјата може да ги закрепне во рамките на година. 4987633
Вчерашниот ден е познат како “ден на надминување” и оваа година тој е со пет дена порано од минатата 2015 година. Во изминатите месеци од јануари ние сме успеале да ги потрошиме поставените за година природни ресурси побрзо од кога и да било претходно. Според пресметките, ако човештвото продолжува да живее на начинот на кој го прави тоа досега и продолжува да троши природни ресурси со истото темпо, тогаш ѝ ќе требаат во просек 1,6 планети Земја, за да ја задоволи потрошувачката, пишува научното списание “Сајанс алерт “.

Ако сите во светот живееја како жителите на САД, ќе имавме потреба од цели 4,8 планети како нашата, за да преживееме. Кај Австралијците работите се дури полоши, бидејќи, ако сите живеевме како нив, би ни требале 5,4 планети.

“Денот на надминување” се пресметува од организацијата Global Footprint Network и за целта таа користи податоци од ОН, собрани од илјадници економски сектори како риболов, шумарство, транспорт, производство на енергија и други.

Кога станува збор за ресурсите треба да се наведе дека не станува збор само за вода, храна и нафта. Тие вклучуваат и залихи на јаглерод, кои се веќе толку надминати што човештвото исфрла повеќе отколку што шумите и океаните можат да апсорбираат.

“Јаглеродот е најбрзо растечки сегмент од еколошкото исцрпување”, се наведува во соопштението на Global Footprint Network.

Пресметки за “денот на надминување” има уште за 60-те години, а до 70-те човештвото троши толку ресурси, колку што и земјата може да обнови. Во 1961 дури сме користеле само една третина од она што можеме да го обновиме. И покрај раното конзумирање на природните ресурси, темпото на трошење се успорува. Од 70-те просечно “денот на надминување” се преселува за три дена порано секоја година, но во последните пет се забележува забавување на средните вредности.