Chrome OS работи на виртуелен декстоп

од Vlatko K
112 прегледи

Chrome OS одамна се познати како една од најлесните оперативни системи прилагодени за
студентите и други почитувачи на послаби хардверски машини.

Интересно, Google продолжува да додава сериозни подобрувања во софтверот, иако многумина
немаат сериозни очекувања. Следниот чекор е да се понуди т.н. „виртуелен декстоп“. Ова е
функција која нуди зачувување на одредени апликации и нивно групирање.

Пример, тоа овозможува да имате десктоп за работа и таков со лични апликации и датотеки.
Слични додатоци се достапни во оперативни системи како Linux и macOS, како и веќе на некои
понови верзии на Windows 10.

Како што многумина очекуваат идејата за виртуелен десктоп не се разликува од останатите и е
многу идентичен спрема другите.
Сè уште нема информации за тоа кога ќе биде пуштен, но ќе им заштеди доста време на
корисниците.