Чуамени не сакал да губи ниту на PlayStation

од Vladimir Zorba

Новиот играч за врска на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени е интересен лик, прокоментира неговиот соиграч во француската репрезентација Жил Кунде. 22-годишниот фудбалер на „Бернабеу“ пристигнува од Монако со трансфер од 80 + 20 милиони евра.

„Кога би требало да го опишам со еден збор, веднаш би рекол дека е борец. И се бори до последно. Воопшто не сака да губи, едноставно не може да го прифати тоа. Секогаш се стреми да победи“, изјави Кунде.

Зајду Јусуф од Сент Етјен, кој играше со Чуамени во Бордо, го сподели истото: „И двајцата сакаме да се релаксираме со PlayStation, но Орелијан не може да биде на губитничката страна. Го победив еднаш и тој толку се налути што со облека се фрли во базенот“.

„АС“ додаде дека Чуамени и придавал големо значење на неговата психичка состојба. Поради оваа причина, тој има дневник во кој бележи конкретни доживеани емоции, како и мотивациони изрази на некои од легендите во спортот.

Жил Кунде додаде за страста на неговиот пријател кон кошарката, како и за тоа дека во еден момент неговиот прекар бил „Чучо“.

Слични содржини