299
Раководството на шпанскиот шампион Барселона му понуди на својот ментор Чави Ернандез да остане на чело на тимот и во следната сезона, соопштува Diario Sport.
Ова е прилично изненадувачки потег на Каталонците, бидејќи минатиот месец поранешниот играч за врска најави дека ќе си замине на крајот на сезоната и прецизираше дека одлуката ја донел многу порано и нема да ја менува.
Сега, сепак, газдите на „Камп Ноу“ одлучија дека, според околностите, најдобро е Чави да продолжи да го води тимот, а и во принцип има договор до летото 2025 година.
Неформалната понуда до тренерот дошла од потпретседателот Рафа Јусте, откако претходно била договорена со претседателот Жоан Лапорта.