Чудесната жена ја покажа нежната страна: Нејзините зборови расплакаа многумина

од Elena Daskalova
279 прегледи

Израелската актерка Гал Гадот го прослави осмиот роденден на ќерката Алма со емотивна порака и фотографија која расплака многумина.

„Пред 8 години мојот живот засекогаш се промени. Алма одлучи да се роди и тоа неколку недели пред терминот. Донесе многу љубов и светлина во нашиот дом. Многу смеа, многу љубопитност. Среќна сум што сум твоја мајка. Ти благодарам што ми ја даде оваа непроценлива титула“, напиша Гал.

Таа објави фотографија снимена непосредно по раѓањето на Алма.

„Ветувам дека ќе направам сè за тебе, ќе те сакам и ќе те заштитувам. Те молам немој да растеш пребрзо. Не можам да верувам дека веќе имаш осум години. Те сакам до Месечината, низ сите галаксии, повеќе отколку што има зрна песок во вселената“, ја заврши својата честитка актерката.

https://www.instagram.com/p/B4f3BqKBhX2/?utm_source=ig_embed

Слични содржини