Чудо! Хрватски третолигаш направи нов милионски трансфер!

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Хрватскиот клуб Кустошија, која нстапува во третата лига, го продаде играчот Баје Кулибали за два милиони евра.

Кустошија го продаде 18-годишниот на американски Шарлот со бонус и 20 отсто од следниот трансфер.

Претходните месеци се шпекулираше дека за младиот репрезентативец на Мали се заинтересирани шпанските гиганти Реал и Атлетико.

Наводно „јорганџиите“ дури испратиле понуда, но Малиецот кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига.

Кустошија од неодамна е познат по тоа што иако е нисколигаш, преку менаџерот Енди Бара, по скапа цена продава супер таленти на најсилните лиги.

Така таа го смести Микајел Фаје во Барселона за 1,5 милиони евра, а Дино Клапија во Лајпциг за 3 милиони и Нико Томашевиќ во истиот клуб за 1 милион.

Сенегалецот Фаје по 35 настапи и четири гола за Барселона Б минатото лето се пресели во француски Рен каде забележа два настапи.

Клапија, Хрват роден во САД, игра солидно за У19 тимот на Лајпциг (5 гола на 18 натпревари), додека Томашевиќ ретко добива шанса.

Кустошија од овој трансфер на Фаје во Рен, кој чинел 10 милиони евра, ќе добие бонус, а така ќе биде и со Кулибали.

Кустошија во ноември минатата година го купи за 300.000 евра од фудбалската академија на Етоал ду Манде, а тој сенегалски клуб ќе добие 25% од трансферот на Кулибали во САД.

Кустошија се натпреварува во третото ниво на хрватскиот фудбал, во кое моментално е на седмото место, пишува Индекс.

Слични содржини