Фудбалската репрезентација на Грузија се пласираше на Европското првенство во Германија, откако по подобро изведување на пенали беше подобра од Грција со 4:2.
По 90 минути игра во Тбилиси, немаше голови, а немаше голови и по дополнителни половина час игра, па патникот на ЕУРО и последниот член на групата Ф беше решен по изведување на пенал.
Грците беа неуспешни во првата серија, домаќинот беше непрецизен во третата, а нервоза имаше и во следната серија.
Овој пат повторно први се грешат Грците, а таквиот поклон го искористија грузиските фудбалери и испишаа историја.
Стрелци за Грузија во пенал серијата беа Кочорашвили, Давиташвили, Давли и Квеквескири, додека Масурас и Бухалакис беа прецизни за Грција.
За првпат ќе играат на самитот на најдобрите европски селекции, а Грузија ќе игра во групата Ф со Турција, Португалија и Чешка.