Голем метален куфер бил оставен пред вратата на домот за деца во полскиот град Кросно во саботата наутро. Мистериозната личност потоа се јавила во локалната редакција и ја дала шифрата со која се отклучува катанецот со кој бил обезбеден ковчегот. По отворањето, во ковчегот биле пронајдени 100.000 полски злоти (околу 22.600 евра) и многу слатки, пренесува Polsat News.
In #Poland, a mysterious metal case was found near the entrance to an orphanage in the village of Długie. The inscription on it said that it was a donation.
Police officers arrived and opened the case and found candies and 100,000 zlotys (about $25,000) in it. pic.twitter.com/ZgpmULe4i9
— NEXTA (@nexta_tv) July 2, 2023
– Ве молам, не плашете се. Пакетот е донација, ништо опасно, пишувало на пораката оставена на ковчегот кој го донело непознато лице околу 7 часот наутро.
Воспитувачката го забележала мистериозниот посетител, но кога се обидела да разговара со него, тој се оддалечил од „местото на злосторството“. Ковчегот беше обезбеден со синџир и катанец со комбинација, и покрај пораката дека е донација, полицијата и администрацијата на Детскиот дом беа повикани да утврдат дали пакетот е безбеден.
Во исто време некој се јавил во редакцијата на Krosno112.pl и ја дал шифрата 7777 за отклучување на катанецот. Новинарите не знаеле што се случило во домот за деца, но управата на домот им потврдила дека го добиле мистериозниот ковчег. Еден од полицајците повикан на местото на настанот го отворил куферот и пронашол слатки заедно со 100.000 полски злоти.
Како што пренесува Krosno112.pl, не се знае кој е донаторот, а полицијата сега проверува дали парите не се украдени и дека не потекнуваат од незаконски извори. Парите сега се сигурни, доколку се утврди дека можат да ги потрошат – донацијата најверојатно ќе се искористи за потребната модернизација и реновирање на просториите.
На интернет почна да кружи теорија дека мистериозниот добротвор е 24-годишниот полски јутјубер Камил Лабуда, попознат како Буда, чиј канал има 1,29 милиони претплатници. Дека токму тој е инволвиран во чинот на давање покажува и неговата фотографија на која во рацете држи регистарска табличка со броевите 777, а на името на неговиот профил стои и бројот 7.
Skrzynka pełna Cashu wypelnionaaaa aż po brzegiiiii (…) 💰👀
— Kamil (@_budda7) July 1, 2023
Дополнителен доказ е објавата на Твитер во која напиша: „Кутија со готовина полна до врв“. Познато е дека јутјуберот викендов престојувал во Подкарпачие каде организирал акција во која им плаќал на луѓето за наточеното гориво. Ова предизвика метеж, а градот беше делумно парализиран.