ЧУДО во Јапонија, спасена 90-годишна жена од под рушевините 5 дена по земјотресот

од Nikola Popovski
208 прегледи

Пет дена по разорниот земјотрес, жена на околу 90-годишна возраст била извлечена од урната куќа во малото гратче Сузу во префектурата Ишикава, на западниот брег на Јапонија, соопшти јапонската полиција.

Жената била извлечена од урнатините на двокатницата околу 20 часот и 20 минути по локално време, била комуникативна и одговарала на прашањата на спасувачите, пренесува агенцијата Кјодо.

Постарата жена е префрлена на лекување во Општата болница Сузу и се опоравува, соопштија од медицинската установа.

Сузу е еден од крајбрежните градови најтешко погодени од земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди централниот јапонски полуостров Ното на Нова година.

Полицијата ги продолжува спасувачките напори и покрај дождливото време, наведува јапонската агенција.

Слични содржини