Чудо во Њу Џерси: Падна од деветти кат на БМВ, стана и праша минувач: „Што се случи?“

од Vladimir Zorba

Кристина Смит (21) се движела по улицата Њу Џерси на 6 октомври околу 10 часот наутро. Одеднаш на БМВ, покрај кое минувала, паднал маж, од зграда висока 9 ката.

– Одеднаш слушнав страшен „тресок“. Звучеше како експлозија. И тогаш почнав да врескам. Тоа беше човек, раката целата му беше крвава. Викаше: „Што се случи?“

– Мислев, фала богу што е жив, веројатно помогна што имаше дебела јакна. Можеби го заштитила од подлабоки рани, истакнува Смит.

Таа повикала брза помош, а мажот бил пренесен во болница во тешка состојба.

Несреќниот човек не работел во зградата и не било јасно што прави таму, посочиле работниците и сведоците. Тој одби да им го даде името на полицајците.

– Тој влезе во автомобилот преку отворот на покривот, потоа излегол од автомобилот и паднал на земја. Тој се обидуваше да стане, а луѓето се обидуваа да го натераат да остане долу додека не пристигне брзата помош – изјави Марк Бордо (50), кој работи во зградата.

– Така остана таму додека не пристигна полицијата и брзата помош. Раката му беше скршена, но тој беше свесен – рекол Бордо.

Слични содржини