„Чудото“ на Кристијано Роналдо од 13 милиони евра (ФОТО)

од Nikola Popovski

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е во фаза на подготовки со националниот тим, кој се очекува да ја брани титулата европски шампион. Сепак, Роналдо најде време да се посвети на бизнисот вреден 13 милиони евра. Неговиот хотел – Пестана CR7 Гран Виа – ќе биде отворен во Мадрид на 7 јуни.

Тоа ќе биде еден од најлуксузните хотели во главниот град на Шпанија. Инаку, Роналдо веќе поседува два хотели во Португалија, а ова е прв негов во странство.

– Ги одбројуваме деновите до отворањето. Забавен начин да уживате во погледот на Мадрид со покрив од 360 степени, спортски бар и со најдобрите пијалоци во градот. Резервирајте сега и бидете меѓу првите што ќе го доживеат ова искуство. Едвај чекам да ве видам таму – напиша Роналдо на Инстаграм.

Португалецот веќе има два хотели, во Лисабон каде ја започна својата професионална кариера, носејќи го дресот на Спортинг и на Мадеира, островот каде што е роден.

Тој само ги пресели своите скапи автомобили во Лисабон, но тоа не беше најава за напуштање на Јувентус.

Слични содржини