Чудото од играч на Аталанта: Би учествувал во протестите на навивачите против Суперлигата

од Stefanija Kuzmanovska
388 прегледи

Робин Госенс, левото крило на Аталанта, еден од најдобрите на таа позиција во светот, посочува дека е против европската Суперлига и посочува дека таквата лига ќе го лиши фудбалот од темелот на кој се игра оваа игра повеќе од 150 години.

– Фактот дека аутсајдер може да победи, отсекогаш бил основа на фудбалот. Доколку се воспостави Суперлига во која Арсенал или Тотенхем ќе бидат засекогаш, без никакви спортски заслуги, тогаш фудбалот ќе биде лишен од основата. Секој мора да биде свесен дека фудбалот ќе се промени засекогаш и дека никогаш нема да биде како што е сега.

– Луѓето сè уште умираат низ целиот свет, сè уште има недостаток на пари. Овие 12 клуба основаат своја лига и добиваат 100 или 150 милиони дополнителни бидејќи ќе завршат на последното место. Тоа мора етички да го доведете во прашање. Тажна работа е, на крајот на денот, не станува збор само за пари, пари, пари…

Госенс ​​се надева на отпорот на навивачите и посочува дека и тој самиот би учествувал во протестите.

– Пресекот би бил толку голем што се надевам дека навивачите ќе се спротивстават. Би учествувал во вакви протести – заклучи левото крило на Аталанта, еден од најдобрите дефанзивци во светот, кој беше откриен од клубот од Бергамо.

 

Слични содржини