470
Лимонот е намирница која важи за вистински подарок од природата, најмногу поради детоксирачките својства и големата количина витамин Ц.
Од друга страна, чиа семето ја враќа енергијата на телото и го подобрува имунитетот. Тоа е богато со омега 3 масни киселини, а исто така не содржи ниту трага глутен.
Комбинацијата на лимон и чиа семе важи за сосема природен енергетски пијалак, кој во исто време ќе ви помогне да се ослободите од насобраните отрови во телото.
Потребни ви се:
Една шолја вода
Еден исцеден лимон
Една лажичка јаворов сируп
Една лажичка чиа семе
Сите состојки треба да ги измешате и да оставите да отстојат најмалку 10 минути, а може и подолго, околу еден до два часа. Потоа, уживајте во природниот енергетски пијалак.