Чулев без оглас ја унапредил сопругата на Чавков за три скалила повисоко во МВР

од Vladimir Zorba
365 прегледи

Сопругата на ексдиректорот на БЈБ и осуден за „27 април“, Митко Чавков – Јасмина е унапредена во МВР за три скалила повисока позиција од страна на техничкиот министер, Наќе Чулев, пренесе „А1 он“.

Решението за прераспределување на Чавкова не го потпишала дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска, бидејќи, сметала дека не е во согласност со законот.

Сопругата на Чавков претходно била виш инспектор во СВР Скопје, а сега, по унапредувањето, таа е виш полициски советник во Бирото за јавна безбедност. Унапредувањето од три работни позиции е спротивно на систематизацијата, која дозволува преместување за две позиции.

Слични содржини