Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност до директорот „Еурокопозит“, Златко Граоровски и неговиот стручен советник Васил Коцев.
„Кривичната пријава e поднесена против раководството на Еурокомпозит од Прилеп, претпријатие кое е во државна сопственост и истата се однесува кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од страна на директорот Златко Гроароски и неговиот стручен соработник Васил Коцев. Имено, тие со намера да извлечат пери од сметката на фирмата без консултација со службите во правното лице и одборот на директорот пристапиле кон наводна реализација на договор во вредност од 1.725.000 евра за испорака на 15.000 рударски шлемови за фирма во Гана и по цена повеќекратно повисока од реалната. Конкретниот договор за извршување на услугите не е евидентира во архивата на претпријатието и целосната коресподенција се одвивала прек приватните е-маил адреса на одговорните лица во претпријатието“, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.