Чулев: Последните одлуки за поништување на решенијата на вработените во МВР сериозно удрија на моралот на службеници

од Берта Китинска

– Последните одлуки за поништување на решенијата и наредбите за распоредување на вработените во МВР пред сѐ сериозно удрија на моралот на полициските службеници, а потоа претставуваат грубо мешање на Владата во автономијата на министерството. Законот за влада јасно вели дека владата со одлука може да поништи пропис или акт на министерството, кој не е во согласност со Уставот и законот, а не може да се поништи конкретно решение за распоредување на работникот, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за МКД.мк.

Ваквите одлуки на Владата предводена од Оливер Спасовски сериозно удрија по честа и достоинството на вработените во МВР .

-Владата се обиде да го скрши моралот кај нив, а и да создаде хаос во оваа институција со што ќе придонесе за дефокус од решавањето на секојдневните проблеми кои Спасовски ги оставил во МВР.За мене како министер најважно е да се стави ред во работењето на МВР сѐ со цел оваа институција да биде подготвена за обезбедување фер и мирни избори. За жал, наводите што изминатиот период од моја страна беа презентирани во јавноста покажаа сериозна негрижа за вработените од страна на Спасовски, изјави Чулев.

Слични содржини