Чулев: Пријавени се вкупно 151 настан, приведени се 8 лица за изборни прекршоци

од Nikola Popovski

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев изјави дека до 20 часот на подрачјето на сите 8 сектори за внатрешни работи, во текот на денешниот ден вкупно биле евидентирани 151 настан, од кои што 31 настан, наводите по пријавите за истите не се утврдени.

„Приведени се 8 лица за изборни прекршоци, од кои четворица за фотографирање на гласачко ливче, 3 лица за сторени прекршоци, а кај едно лице биле најдени две гласачки лица“, изјави Чулев.

Според него, најмногу, 38 настани биле регистрирани на подрачјето на СВР Струмица. Најмирно било на подрачјето на СВР Охрид, вели Чулев и дополни дека изборите минаа во мирна, фер и демократска атмосфера.

Слични содржини