Чулев за акцијата „Двојник“: Истрагата не ја обелоденив, за да не биде ставена во контекст на тогашните парламентарни избори

од Nikola Popovski
426 прегледи

„Недозволиво е земја членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ да дозволи со години да биде сериозна логистичка база за најозогласени криминални транснационални картели со активности на сите континенти. Токму тоа со своето нестручно, непрофесионално и зачудувачки незаинтересирано и дефокусирано однесување го овозможи актуелното раководство на МВР, на чело со министерот Оливер Спасовски кој замислете имаше речиси цели четири години за да ја заврши истрагата“, се огласи вечерва поранешниот технички министер Наќе Чулев.

Според него, наведената истрага била речиси хибернирана во периодот кога стапил на функцијата министер за внатрешни работи, за да со целосна посветеност колегите, и покрај сите опструкции во периодот на техничката Влада, се мотивираат и се даде максимум за нејзино реактивирање.

„Истрагата беше речиси комплетирана во периодот кога бев министер, но заради задржување на професионален однос и несакањето да биде ставена во контекст на парламентарните избори, истата не финишираше односно не беше обелоденета.

Која е причината поради која се чекаше недозволиво долг период кога во континуитет се издаваа македонски пасоши исклучиво знае Оливер Спасовски и одговорноста е исклучиво негова. Тој е министерот на кој редовно намерно или ненамерно му се случуваат сериозни пропусти во работењето што резултира со последици по меѓународната репутацијата и интегритетот на државата, а што се отсликува и со рапидниот пад на Македонија на листата на земји по степен на корумпираност.

Сега е крајно време Оливер Спасовски, да понесе најмалку морална и политичка одговорност, и да ја препушти оваа одговорна функција на личност која максимално посветено и чесно ќе ја извршува истата. Тој има обврска одговорно и согласно со законите да ја извршуваа таа функција и за тоа не треба да биде потсетуван и да му се врши притисок од страна на опозицијата, граѓаните и странските партнери кои пак очекуваат бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција“, напиша Чулев на Фејсбук.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека денешната акција на МВР всушност ја започнал Наќе Чулев.

„Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели 4 години. Токму оваа акција ја започна Наќе Чулев, што значи дека претходните 3 години тие ги преспале, а после министерувањето на Чулев тие продолжиле да молчат за криминалот на мафијата, напиша Спасовски на Фејсбук.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на вечерашната прес-конференција објави дека тоа се лажни вести.

„Беа пласирани информации со истрагата и можеше да се загрози се што беше сработено во период од една година. Ова е недозволиво, застанувањето против полицијата и против борбата за правда. Лажни вести се дека оваа акција почнала во време на Наќе Чулев“, изјави Спасовски.

Слични содржини