Чупеска бара Сиљановска да не ги потпише Законите за полиција и МВР: „Тошковски добива неограничена моќ“

од Nikola Popovski
22 прегледи

Во пресрет на закажаниот состанок на Советот за безбедност, ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со голема загриженост, се обраќаме до претседателката Гордана Силјановска-Давкова, со барање и апел: да не ги потпишува указите за Законите за полиција и внатрешни работи. Ова од причина што Власта, со неверојатна лежерност, протурка скандалозни и опасни измени, кои го укинуваат професионализмот во полицијата и неа ја претвораат во партиски инструмент на принуда, или милиција која ќе биде под директна команда на Министерот за внатрешни работи, рече денеска на прес-конференција, потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска.

Според неа, министерот Панче Тошковски добива неограничена моќ и значително проширени дискрециони овластувања.

-Сега, тој ќе може да предлага директор на БЈБ, он најшироките области на општествени науки – што е невиден преседан кој цели кон целосно хендикепирање на професионализмот во МВР. Сега тој сам ќе може да поставува началници на Сектори за внатрешни работи и командири, без тие да исполнуваат основни критериуми за стаж, без да имаат искуство или претходно постигнати резултати.

Се бришат и основните професионални критериуми за раководни позиции, што отвора широк простор за инсталација на партиски кадри без соодветно оперативно искуство.

Го избришале и условот кој децидно предвидува извесен број на години на искуство и стаж за напредување на највисоките раководни позиции – што значи дека, началник може да стане било кој што му е по ќејф на министерот, па дури и да е штотуку вработен приправник. Ова е апсолутно неприфатливо за позиции кои бараат огромно искуство и лидерски вештини и претставува директно депрофесионализирање на полицијата.

Оттука, јасно е почитувани, дека овие измени не се во правец на заштита на слободите и правата на граѓаните , туку на партијата, тврди Чупеска.

Ваквите измени, додава таа, се во директна спротивност со клучните стандарди за полиција на Советот на Европа, посебно со Европскиот кодекс на полициска етика кој промовира важниот принцип: за оперативна независност на полицијата од политички влијанија и бара професионален и меритократски систем на управување.

-Уште пострашно, ја избришале и одредбата со која беше предвидено дека полициски службеници осудени со правосилна пресуда за кривични дела кои предвидуваат минимум шест месеци затвор дека по закон им престанува работниот однос. А со елиминација на оваа норма, де факто, широко се отвора врата за инсталација на криминални структури на раководни позиции во министерствот. Па така, оние кои до вчера биле гонети од полицијата сега ќе може да им станат шефови на оние кои си ја работата чесно работата, кажа потпретседателката на СДСМ, додавајќи дека овој закон не е реформа, туку е како што кажав : манифест на авторитаризам и брз рецепт за злоупотреба.

-Второ, бидејќу ударот врз полицијата и професионалците во неа е удар и врз безбедноста на граѓаните, врз демократскиот поредок, конечно, врз суверенитетот на државата.

Освен апелот до претседателката, кој денес го упатуваме од оваа говорница, ние, како парламентарна опозиција, ќе доставиме и официјални детални и референцијални елаборација за овие стравични решенија, и до амбасадите на ЕУ; САД; до ОБСЕ и Советот на Европа, но и до другите релевантни домашни и меѓународни институции, со цел да алармираме за овие крајно непримерни и загрижувачки чекори на власта, кажа Чупеска на прес-конференцијата.