Чуварот на ковчегот на кралицата Елизабета пронајден мртов

од Берта Китинска
290 прегледи

Војникот Џек Бурнел Вилијамс (18), кој учествувал на погребот на кралицата Елизабета Втора, бил пронајден мртов во касарната.

Џек, кој служел во домаќинството коњаница, бил прогласен за мртов во касарната во Хајд Парк, Лондон. На местото на настанот веднаш била повикана итна помош и полиција.

На социјалните мрежи од починатиот војник се прости и неговата мајка.

– Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но сите сме скршени како семејство поради ненадејната смрт на нашиот прекрасен син – напиша таа.

Слични содржини