ЦИА му понудила на Путин украинска територија, САД демантираат

од Nikola Popovski
171 прегледи

Шефот на ЦИА Вилијам Барнс наводно ѝ понудил на Москва петтина од територијата на Украина за да заврши војната меѓу двете земји.

Како што пренесува порталот „Кликс“, шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс понудил „мир во Киев во замена за земја“.

Во текстот понатаму се наведува дека и двете страни го одбиле тој предлог, бидејќи Киев не е подготвен да се откаже од територијата, а Москва верува дека ќе ја добие војната.

„Кога стана јасно дека таквиот мировен план не им одговара на страните, американскиот претседател Џо Бајден реши да попушти пред германскиот канцелар Олаф Шолц и одобри испорака на американските тенкови Абрамс во Киев. Ова и овозможи на Германија да дозволи испорака на тенковите Леопард 2 во Киев“, објави „Кликс“.

Сепак, според пишувањата на „Newsweek“, тоа не се случило. Белата куќа ги демантираше ваквите наводи.

Шон Дејвит, заменик портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа, изјави за „Newsweek“ дека текстот на швајцарско-германскиот весник Ноје Цирхер Цајтунг (НЦЦ) „не е вистинит“ и дека ЦИА ќе го потврди истото.

НЦЦ во четвртокот објави, цитирајќи високи германски странски политичари, дека Барнс во средината на јануари им претставил на Киев и Москва мировен план што ќе стави крај на војната. Според весникот, предлогот нуди „околу 20 отсто од територијата на Украина“ – приближно колку големината на источниот украински регион Донбас.

Претставник на ЦИА изјави за „Newsweek“ дека тврдењата во извештајот на „НЦЦ“ дека Барнс тајно патувал во Москва во јануари и дека имало мировен предлог од директорот во име на Белата куќа се „апсолутно лажни“.

Слични содржини