Ципрас на телефон со Путин, посета на Москва во мај

од desk3
113 прегледи

Грчкиот премиер Ципрас синоќа телефонски разговарал со рускиот претседател Путин при што се согласиле да ги зајакнат билатералните врски.

Путин предложил, Ципрас прифатил да ја посети Москва во мај на денот на победата над нацизмот.

Двајцата државници се договориле да ја зајакнат соработката во економијата и енергетиката, туризмот, културата и транспортот.

Тие ја истакнале потребата да се обезбеди мир во украина, соопштија од кабинетот на Ципрас.

Извори од грчката влада ги отфрлаат гласините дека ќе владата бара финансиска помош од русија.