Грција има намера да бара од Германија воени репарации за штетите кои ги нанеле нацистите за време на Втората светска војна, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, цитиран од АФП.

Во своето обраќање пред парламентот, премиерот изјави дека тоа е морална обврска пред историјата, грчкиот и европските народи, борејќи се и за пролеаната своја крв во борбата против нацизмот.
Поради оваа причина Атина бара од Германија да и плати окупациски заем и воени репарации.