Конфликтот меѓу поддржувачите на еврото и приврзаниците на драхмата се разгорува во Атина. Можеби тоа да е за добро, бидејќи Брисел треба да знае дали во Атина има стабилна влада, коментира ФАЦ.
Многу брзо стана јасно врз каква нестабилна политичка основа во Атина се одржуваат преговорите со меѓународните кредитори. Од пред неколку дена наваму “институциите” (претставниците на Тројката) се во Атина и премиерот Ципрас ќе мора да го разјасни прашањето за власта во сопствената партија.
Неговиот модел, да биде поддржан на прво време од опозицијата, воопшто не успеа да го обесхрабри левото крило во партијата. Дури напротив. Јазот меѓу поддржувачите на еврото и приврзаниците на драхмата, кој “Сириза” со месеци успеваше да го скрие од Еврогрупата, изби јасно.
Тука нема никакво место за жал. Атина треба конечно да се збогуваат со времињата кога играше со скриени карти. Добро ќе е Алексис Ципрас да разјасни дали неговата партија е способна да управува или не. И колку поскоро го направи тоа, толку подобро. Бидејќи е тешко да се замисли како Брисел префрла нови милијарди на Грција со едно нестабилна влада во Атина. Најголем проблем за оваа земја е останувањето на нејзината политичка класа.
www.faz.net
